Синот на инфлуенсерката Ангела Ѓоргиева тргна во градинка: Лиам не плачеше, ама затоа јас...
Малечкиот Лиам тргна во градинка
Синот на познатата македонска инфлуенсерка Ангела Ѓоргиева започна да оди во градинка. Имено инфуенсерката го сподели процесот на нејзиниот профил на Инстаграм.
- Пола саат како за прв пат и без плачење. Најверојатно не беше свесен уште и беше занесен по играчките. Кога го земавме уште си играше и немаше никаква реакција. Ќе видиме дали ќе биде вака леснои другите денови или ќе има закаснета реакција.
- Лиам не плачеше, ама затоа јас... Не за тој пола саат што беше внатре, туку што воопшто стигнавме до тука, што порасна толку брзо и сега оди во градинка. Скоро 15 месеци сме неразделни и бил одделен од мене максимум 3-4 часа кога го оставам со Раде или со некој од фамилиј, па за двајцата е промена и затоа сум ваква. Но во исто време и многу благодарна за изминатите месеци што воопштоимав таква привилегија да бидам со него дома - објасни Ангела.