Синот на пејачката Шинеjд О'Конор пронајден мртов-беше едно од нејзините четири деца
Синот на ирската пејачка Шинејд О'Конор, 17-годишниот Шејн, е пронајден мртов во Ирска откако пејачката го пријавила неговото исчезнување.
Полицијата соопшти дека потрагата по исчезнатото момче е прекината откако телото на синот на пејачката било пронајдено во ирскиот град Бреј.
О'Конор на Твитер објави дека нејзиниот син, „светлината на нејзиниот живот“, решил да ја прекине оваа земна борба и дека „сега е со Бога“.
„Нека почива во мир и никој да не го следи неговиот пример. Бебе мое, те сакам“, напиша таа.
Претходно пејачката на социјалните мрежи апелираше до нејзиниот син да не се повреди. Претходно двапати бил хоспитализиран поради обиди за самоубиство.This is a message for my son, Shane. Shane, it’s not funny any more all this going missing. You are scaring the crap out of me. Could you please do the right thing and present yourself at a Gardai station. If you are with Shane please call the Gardai for his safety. pic.twitter.com/uJWuSJ1bRJ
— Sinead The 1 And Only (@OhSineady) January 6, 2022
Шејн е едно од нејзините четири деца, а неговиот татко е ирскиот музичар Донал Луни.
Шинејд претходно јавно проговори за своите психички проблеми.
ФОТО: Инстаграм