Актуелно // Insta вести
Синот на Тамара Чуприна и Дарко Велковски полни една година: Ведран сѐ повеќе наликува на тато (ФОТО)
На 7-ми февруари минатата година, познатата манекенка Тамара Чуприна и фудбалерот Дарко Велковски се остварија во улогата на родители за прв пат.
Чуприна роди машко дете, кое го доби името Ведран.
Преку социјалните мрежи, манекенката упати порака по овој за неа важен ден.
„Ти си мојата гордост, мојата прва љубов. Сине мој, фала ти за радоста, љубовта и нежноста која ни ја донесе. Фала ти за секој ден што најтопло ми ја грееш душата. Среќен роденден животе мој да си жив, здрав и најсреќен. Од мама го имаш целиот свет!
7.2.22“ - напиша Тамара на Инстаграм објавувајќи фотографија направена веднаш по породувањето.
фото: инстаграм
Поради фудбалските обврски на Дарко жртвуваме многу, но важно е што ние тројца сме секогаш и секаде заедно: Тамара Чуприна за Женски магазин