Животна училница // Приказни
Синот на Тони Зен порасна: Тато го учи да вози велосипед (ВИДЕО)
- 21 Јули, 2022
Хип-хоп артистот Тони Зен од бракот со гевгеличанката Валентина Јованова го има синот Јасен.
Toj неодамна ја извади својата нова песна „ Планот“, а дека покрај во музиката ужива и во татковството покажуваат бројните фотографии кои ги споделува на неговиот Инстаграм профил.
Овој пат тој објави видео од пораснатиот син кој има три години и веќе вози велосипед.
Јасен навистина многу наликува на својот татко Тони Зен.
Јасен како бебе се појавува и во емотивниот спот за песната „Тишина“ од шестиот по ред албум на музичарот со наслов „Од изворот на изборот“.