(ВИДЕО) Емотивен спот: Синот на Тони Зен во неговиот нов видео-запис

Добивај вести на Viber

Хип-хоп артистот Тони Зен неодамна се ожени со Валентина Јованова од Гевгелија, со која се остварија во улогата на родители на синот Јасен.

Тој на крајот на мај го промовираше својот шести по ред албум со наслов „Од изворот на изборот“. Една од осумте песни на албумот кој зборува за искуствата на Тони Зен е песната насловена „Тишина“, за која тој вчера го извади видео-записот.

Станува збор за многу емотивен спот, во кој се опишува еден ден на музичарот и неговото семејство, па затоа се појавуваат сцени од неговиот дом со синчето, сопругата и нивното куче.

- Лесно е да направиш галама, да те видам направи тишина- пее артистот во песната од албумот кој е акустичен, мирен и сниман во 432Hz, со цел да се задржи природната фреквенција. Тој изјави дека музиката на албумот е посветена на вистината, љубовта и просветлението.