Синовите и јас многу патиме: Емина откри во какви односи е со поранешниот сопруг
Неодамна медиумите објавија дека Емина Јаховиќ е повторно во врска со турскиот милијардер Садетин Саран, а пејачката потврдува дека е среќна и исполнета.
„Среќна сум, сакам кога сум вљубена и кога ми се случува нешто на емотивен план. Вистина е дека сум конечно исполнета на сите полиња и сѐ ќе биде како што треба“, изјави пејачката за „Стори“.
Емина е повторно во врска со турскиот милијардер Садетин Саран. Фото: sozcu.com.tr
Последниве недели се пишуваше дека нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал е лут поради тоа што синовите Јаман и Јавуз поминуваат премногу време со Садетин, и поради тоа ѝ правел проблеми на Емина.
Емина со поранешниот сопруг, пејачот Мустафа Сандал
„Мустафа не е тип кој насилно влегува во летни викендици и вика на мене, како што се пишуваше. Тоа не го правеше ниту кога бевме во брак, а камоли сега. Децата ни се навикнаа дека мајка им и татко им веќе не живеат заедно. Ние сме во одлични односи“, рекла пејачката за „Стори“.
Со синовите Јаман и Јавуз
„Тоа им е тешко, и на мене и на нив, многу патевме. Особено му е тешко на Јаман, постариот син, тој е повеќе свесен за целата состојба. Среќа, тој е разумно дете. Подобар е добриот развод отколку лошиот брак“, додаде Емина.