Сите ја памтат како калуѓерка од музички натпревар: Сега е друга жена, ја соблече мантијата и стана вистинска мачка

Добивај вести на Viber

Таа реши да ѝ се посвети на музиката

Пред девет години социјалните мрежи беа запалени од видео на калуѓерка која се појави на музичкиот натпревар „Voice во Италија. Нејзиното име е Кристина Скуќа и за кратко време ја „исчисти“ конкуренцијата и победи на овој музички натпревар.


По години поминати во црква, Скуќа реши да ја соблече мантијата и да ѝ се посвети на музиката. Таа стави пирсинг, па дури и учествуваше во реално шоу.

„Верувам дека треба да го слушаш своето срце и да бидеш храбра. Промената е знак на еволуција, но секогаш е страшна. Затоа што е полесно да се закотвиш некаде, на безбедно, отколку да се преиспитуваш. Дали таму има добро или лошо", Кристина изјави претходно во една емисија, а потоа откри дека одлуката да го напушти манастирот ја донела со помош на психолог.


„Решив да го следам своето срце без да размислувам што ќе кажат луѓето за мене. Се решив на тој чекор иако се плашев од последиците", објаснила тогаш таа. Таа истакна дека не жали за ниту една своја одлука и дека има голема поддршка од блиските.

View this post on Instagram

A post shared by Cristina Scuccia (@cristinascuccia)


Извор: www.espreso.co.rs