Сите мислиме дека целата е вештачка: Но, дали најпознатата личност на планетата старее природно или сето тоа е спакувано врвно?

Добивај вести на Viber

Една од најпрепознатливите личности на планетата која стана и милијардерка. Нејзиното богатство се проценува на неверојатни две милијарди долари.

Ким Кардашијан е меѓу 50-те најбогати ѕвезди на светот, меѓу 10-те најскапоцени личности на Instagram, а CFDA ѝ има доделено и награда за највлијателна личност на годината. Со сето ова, колку таа навистина заработува?

Нема човек на Запад кој не знае која е Ким Кардашијан. Нејзиниот татко, Роберт, стана познат во медиумите како пријател на О.Л. Симпсон, во чие адвокатско друштво беше во судењето за две убиства во 1995-та година, но нејзината мајка, Крис, веќе беше во брак со друг медиумски познат лик Брус (сега Кејтлин) Џенер. Семејството веќе беше добро познато во Соединетите Американски Држави во тоа време, а во 2006-та година добија понуда за снимање на реално шоу од нивниот живот кое започна со емитување насловено како „Keeping Up With The Kardashians” .

Серијата стана толку популарна што семејството Кардашијан почна да добива 30 милиони долари по епизода, според TMZ, од кои најголем дел од колачот и припаѓа на Ким, која, наводно, добива дополнителни пет милиони долари за секоја епизода во која се појавува нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест.

Но, Ким работи многу добро надвор од семејството. Таа има своја игра „Ким Кардашијан: Холивуд" презентирана во 2014-та година, што и носи 25 милиони долари годишно, според Форбс. Освен тоа, има апликација „Kimoji“, која ја презентираше во 2016-та година и ѝ носи милион долари во минута, според Њујорк Пост, како и линија на производи за убавина „KKW Beauty, која и носи десетици милиони долари годишно, и линијата на парфеми кои беа претставени неодамна, од кои заработи 10 милиони долари во првиот ден.

Покрај тоа, Ким рекламира разни производи на своите социјални мрежи, има и бренд за долна облека, а брендовите ја плаќаат и половина милион долари за една публикација.

Додека многумина продолжуваат да тврдат дека славна личност Ким Кардашијан за нејзиното богатство може да се заблагодарам (освен на богатите родители на Роберт Кардашијан, од кои семејството го наследи богатството) на домашните порнографски снимки, кои се појавија во 2007-ма година, неспорно е дека Ким е една од највлијателните жени во медиумскиот простор денес. 

Она што кај неа е најинтересно, секако е нејзиното тело. Песочен часовник со големи облини. По неа почнаа сите да изгледаат слично. Голем задник, подигнати гради... Иако се шпекулура дека Ким вбризгала силикон во задникот, таа категорично го негираше тоа. 

На социјалните мрежи инаку изгледа совршено, беспрекорно и гламурозно.

Но веројатно во реланоста е малку поинаку. На фотографиите (кога е во сосема опуштено издание и мисли дека никој не ја фотографира) се гледа дека како и сите жени има целулит и не баш толку перфектен задник. 

Лажната слика на Инстаграм е едно, во ралноста друго. Сепак, и таква ги има задржано пропорциите, а целулит има скоро секоја жена.

А, токму на 96. Доделување на Оккарите, Ким се појави на пост оскаровската забава на Фенити Фер и изгледаше врвно. 

Во бел, асиметричен фустан, видно ослабена и едноставно плени. Фотографите побрзаа да го зумираат секој детаљ, па така и нејзиното лице. Иако перфектно нашминкана, сепак се гледат порите, брчките и нерамнините.

Дури и да ставила ботокс или хијалурон (крвна плазма за која тврди дека го освежува нејзиното лице) сето тоа можеби е спакувано врвно, или можеби Ким старее, па да речеме, на некој нејзин природен начин.

Извор: АБЦ

Фото. Инстаграм