„Сите можете да се убиете, јас ќе се омажам за него“: Рекла Цеца и го завела 21 година постариот Аркан, а потоа настанал хаос

Добивај вести на Viber

Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна го прослави својот 50-ти роденден, а во оваа прилика се потсетуваме на нејзината животна приказна.

Светлана Цеца Ражнатовиќ, моминско Величковиќ, е српска поп-фолк пејачка чии обожаватели и ги дадоа прекарите „Цеца национале“, „Кралица на турбо-фолкот“, „Мајка на нацијата“ и „Мајка Србинка“, што зборува за нејзината преголема популарност. Родена е на 14 јуни 1973 година во Житораѓа, село во јужна Србија.

Мајката на Цеца, Мира, била учителка, а татко и механичар кој подоцна станал политички функционер и претседател на општината. Пејачката има сестра Лидија, која е единаесет месеци помлада од неа. Живееле и со дедо Чедомир и баба Велика, кои ги одгледале, пишува Biografija.org

Цеца била многу напредно дете и зборувила на шест, а одела на девет месеци. Првиот настап го имала на девет години на училишна претстава каде ја воодушевила публиката. Често се случувало да нема пари за автобуска карта и пеш да се враќала од настапите во соседните села. Подоцна изјавила дека за еден викенд заработила 700 марки додека нејзината мајка имала плата од 25 марки.

Основното училиште го завршила со одлични резултати, но се посветила на кариерата како пејачка и  покрај молбите на мајка ѝ таа не го продолжила образованието. Многу години подоцна матурилала како вонреден ученик во средното ветеринарно училиште, отсек: техничар за одгледување свињи. Вечерта пеела, а преку ден подготвувала предмети.

Еден од клучните моменти во кариерата на Цеца било летото 1987 година кога го запознала хармоникашот, композитор и аранжер Мирко Кордиќ. Ја забележал во ресторан каде што пеела дури кога постарите колеги и дозволиле. Тој го препознал нејзиниот талент и побарал дозвола од родителите да ја однесе во Белград. Од само 15 години се преселила кај Мирко и неговата сопруга, таму позајмувала фустани за настапи, ја научиле да се шминка, да се чешла и да се однесува. Сакала да се запише и на Факултетот за драмски уметности и да стане актерка.

Таа ја толкувала улогата на Коштана во филмот „Нечиста крв“, кој е снимен според книгата на Бора Станковиќ. Сепак тој се прикажувал шест години подоцна бидејќи идниот сопруг на Цеца, Аркан го забранил барајќи да се избришат секс сцените што ги снимила со Раде Шербеџија. Во 1993 година започнала соработка со Марина Туцаковиќ и Александар Радуловиќ Фута, која ќе резултира со бројни хитови. Покрај Марина и Фута, еден од соработниците бил и Дино Мерлин. Огромниот успех на овој албум бил крунисан со концерт на стадионот Ташмајдан на кој присуствуваа 12.000 луѓе.

Во 1995 година, таа го сними еден од најдобрите албуми кариерата, кој ѝ попречи на гласините дека поради бракот ќе престане да се занимава со музика. Таа токму овој албум му го посвети на својот сопруг.

Цеца планирала да издаде нов албум кон средината на 1999 година, но го одложила поради агресијата на НАТО врз Србија. Таа на 27 декември прослави десет години на музичката сцена и десеттиот јубилеен албум со прослави во хотелот Интерконтинентал на кој присуствуваа 600 гости. На 15 јануари 2000 година во истиот хотел беше убиен сопругот на Цеца, Жељко Ражнатовиќ Аркан, поради што таа се повлече од јавноста. И покрај тоа, албумот го продаде огромен тираж. Во 2001 година, пејачката се врати на сцената со новиот албум „Деценија“ кој го издаде за Гранд продукција. Покрај насловната, на неа има уште девет: „Забранет град“, „Побрзо, побрзо“, „39,2“, „Драга моја“, „Брука“, „Батали“ , „Точно е“, „Не доаѓај кај мене“... Преовладуваа баладите кои таа му ги посвети на покојниот сопруг, а новитет беше песната „39.2“ која ја направи во техно стил. Достигна тираж од 800.000 примероци и стана најпродаваниот албум на Балканот. 

Цеца ја започна турнејата со настапи во нејзиниот роден град Житораџа, а потоа и во европските градови како: Виена, Штутгарт, Цирих, Париз итн. Таа ја заврши турнејата на  15 јуни 2002 година, ден по нејзиниот 29-ти роденден, со нејзиниот прв голем солистички концерт на Маракана пред 90.000 фанови.

Во тоа успеа само Цеца и Здравко Чолиќ. Концертот му го посвети на сопругот, а на сцената ги донесе синот Вељко и ќерката Анастасија. Спектаклот заврши со огномет. Цеца носеше две провокативни креации од Звонко Марковиќ кои предизвикаа спротивставени коментари, а медиумите објавија дека тие послужиле како инспирација за колекцијата пролет/лето 2015 на познатиот дизајнер Роберт Кавали. Во 2006 година го одржа својот втор голем солистички концерт, овој пат на Ушќе пред 140.000 фанови. По тој повод таа го промовираше својот нов албум.

Таа во 2014 година го промовираше дуетот со Аца Лукас, кој има над 18 милиони прегледи на Јутјуб, што го става на третото место од сите нејзини песни, по „Име и презиме“ која има 25 милиони и „ Да раскине со неа“ која има 20 милиони. Кон крајот на годината беше во жирито на музичкиот натпревар „Пинкови ѕвездички“ со колегите: Марина Туцаковиќ, Мирослав Илиќ, Боро Ѓорѓевиќ и Харис Џиновиќ.

Љубовен живот

Првото момче за кое јавноста дозна беше фудбалерот на Звезда, Владан Лукиќ. Пејачката го запознала со нејзините родители, но врската била краткотрајна. Владан изјавил дека ја сака, а Цеца рече дека не успеале затоа што ѝ дозволувал се. Сакала цврста машка рака која ќе удри тупаница на масата.

Пејачката почнала да покажува наклонетост кон проблематичните и контроверзни момци, па стапила во врска со Владан Бојовиќ, познат како Амонијак, кој бил ликвидиран во 1992 година. Следен беше Дејан Марјановиќ Шабан, кој беше ликвидиран во 1996 година пред неговата куќа. Тој изјавил дека за три месеци од врската не можел да ја скроти. Цеца тврдела дека не знае што прават нејзините поранешни момчиња.

Шест месеци пред војната, таа замина во Швајцарија, каде што живееше со Мухарем Харо Самарџиќ, поранешна фудбалска ѕвезда на бањалуканскиот „Борац“. Весниците за неа пишуваа дека пеела за „зелените беретки“, дека шпионирала и за Србите и за муслиманите, поради што нејзините родители морале да го исклучат телефонот, да ја заклучат капијата и да ги спуштат ролетните.

Со Харо била во врска три години, а речиси една деценија подоцна изјавил дека Цеца му нанела штета и дека за време на војната поради неа завршил во логорот. На 11 октомври 1993 година, Цеца и Џеј пееа на прославата на Српската доброволна гарда. Кога ги видела барикадите, пејачката сакала да се откаже, но колегите не и дозволиле. Тогаш во ресторанот Ердут го запознала Аркан, во кој веднаш се заљубила. Со оглед на тоа што слушнала секакви работи за него, дури и дека и ја скратил косата, прво се исплашила, но тој многу брзо ја освоил. Аркан не верувал дека ќе има сериозна врска со Цеца, а камоли брак, бидејќи пејачката со кратка коса и 48 килограми не бил негов тип на жена.

Постојат различни приказни за тоа како се запознале, а некои споменуваат дека таткото на Цеца го молел Аркан да ја извлече од еден клуб во Берн каде што била. Пејачката стана член на партијата на Аркан, Српското единство (ССЈ), а за време на неговата посета на Житораѓа, нејзините родители му приредиле топло добредојде. На ова гостопримство, му претходела закана која Цеца ја упатила до нејзините родители кои се противеле на врската со командантот, а која гласела: „Сите можете да се убиете, а јас ќе се омажам за него бидејќи го обожавам“.

Оттогаш тој се повеќе размислувал за пејачката, а таа го охрабрила на тоа со разговор по телефон и тајно состанување во партискиот штаб. Таа му купувала чоколади и го викала Бучко, а тој ја викал Цецко. Кога се запознале, Аркан бил во брак со интелектуалката Наталија Мартиновиќ, чиј брат загинал борејќи се со него.

Цеца и Жељко направија замок од својата куќа на улицата Љутиче Богдана. Надвор од бојното поле, Аркан  бил бизнисмен и сопственик на слаткарница, пекара, неколку приватни фирми („СДГ компани“, „Ари компани“, „Византин компани“, станбена задруга „Шумадија“, казино „Гранд“ во хотелот „Југославија“, подоцна и Ф.К. Обилиќ).

Покојниот водител Милован Илиќ - Минимакс, една минута по Нова Година, во својата емисија „Максовизија“ објави дека на 19 февруари 2005 година Цеца ќе се омажи за контроверзниот водач на српските паравоени формации. Аркан ветил дека ќе направи свадба за паметење. Многумина ја нарекоа свадба на векот. Тој ден се формирала колона од 56 џипови предводена од јагуар на кој наместо регистарски броеви пишувало „Цеца и Жељко“.

Младоженецот го погоди јаболкото по шестиот обид. Црковната венчавка се одржала во белградската црква Свети Архангел Гаврил. Невестата била во бела венчаница од тантела долга 12 метри, а Аркан бил во офицерска униформа на српската војска.

Кумови биле новинарката на РТС, Маја Павиќ, која подоцна беше погубена заедно со Радослав Чалдовиќ Ќента, и Борислав Пелевиќ, воениот другар на Жељко, претседател на Српската партија за единство.

На прославата присуствувале 800 гости. За ручек се служеле џигер од гуска, јајца наполнети со кавијар, пршута, салата од Валдорф, лосос, медалјони од мисирки, над 100 видови мали колачи, а свадбената торта тежела околу 70 килограми.

Трошоците за венчавка, изнесувале вртоглави 100.000 марки, а ги платил контроверзниот италијански бизнисмен Џовани ди Стефано, како подарок на младенците. Настанот во живо го пренесувале 36 телевизии, меѓу кои: „BBC“, „CNN“ и ТВ Пинк, а беше објавена и VHS лента од свадбата.

Наместо планираниот меден месец, Аркан заминал на бојното поле. Цеца од мај до септември не спиела навечер, туку чекала да ја контактираат кога ќе заврши акцијата. Кога се вратил тие не се разделувале. На 10 декември 1996 година, Цеца го роди синот Вељко, а на 25 мај 1998 година ќерката Анастасија. Сакале да имаат пет деца, но тоа не се случило. Таа стана претседателка на фудбалскиот клуб Обилиќ, чиј сопственик беше нејзиниот сопруг.


Фото:  Printscreen Youtube/ Svetlana Ceca Ražnatović/InstagramCeca Ražnatović