Сите се прашуваат што се случило со сопругата на Златан Ибрахимовиќ: Многумина се шокирани што таа на 53 години изгледа вака (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фото: Italy Photo Press / Zuma Press / Profimedia

Хелена привлече внимание дури и кога лежерно се шеташе низ Милано и уживаше во шопингот

Хелена Сегер е сѐ освен обична жена! Таа веќе беше позната и многу успешна жена кога го запозна својот сопруг Златан Ибрахимовиќ. Нејзиниот силен карактер е нешто што ја издвојува од сите припаднички на понежниот пол - не губи многу време на дотерување, работи од својата 13 година, изградила своја империја, а нема ни куќна помошничка. Сепак, нејзините последни фотографии оставија без зборови многумина, бидејќи оваа атрактивна русокоса изгледа сѐ подобро и помладо!

Имено, Хелена папараците ја фотографирале како сама ужива во шопинг во Милано, а многу жени беа изненадени од една работа - во рацете носеше кеса од „Зара“, па многумина не можеа да поверуваат дека и сопругата на Златан пазарува во продавница каде што може да се најдат парчиња гардероба со многу пристапни цени, особено кога има распродажба.


Со овој потег, изгледа уште еднаш покажа дека не е типична богаташка и сопруга на фудбалер. Луѓето од нејзината околина истакнуваат дека е своја од мала, и дека никогаш не била роб на трендовите. Напротив, секогаш можеме да ја видиме во стилови кои изгледаат многу удобно - а фармерките, белата маичка со капа, патики и добра чанта ѝ се омилени со децении.

Од друга страна, таа повторно воодушеви многумина со својот изглед - нејзината руса коса беше бујна и совршено стилизирана, сѐ уште нема ни грам плус, па дури и во прилично опуштено издание изгледаше многу привлечно. Многу дами истакнаа дека никогаш не би облекле ваква „малку машка комбинација“, но дека таа ја понесе на совршен начин.

Секогаш се поставува прашањето што прави Хелена, за да се чини дека станува сѐ подобра во 6-тата деценија, но мораме да ве разочараме, не е тајна.

Иако имаше одредени естетски барања кон себе, сè беше направено со мерка, а таа само уште повеќе ја истакна својата сексипилност и убавина. Сепак, две работи се клучни за нејзината младост и совршена фигура на 53-годишна возраст – редовен тренинг и здрава исхрана со многу малку „грешки“.


Поранешната актерка и модел е висока 170 сантиметри, нејзината тежина со години варира помеѓу 52 и 55 килограми. Со други зборови - таа има едноставно совршено тело. Меѓутоа, ако ја прашате неа, таа тоа никогаш нема да ви го каже.

Хелена мисли дека нејзините нозе се пократки отколку што треба, а не ѝ се допаѓа ниту изгледот на нејзините усни, бидејќи мисли дека се преголеми. Златан очигледно не се согласува со неа по ова прашање, како и многу припадници на посилниот пол.


Таа откри дека, всушност, го одржува својот одличен изглед на едноставен и јасен начин и дека секогаш следи само три правила:

1. Редовно оди на тренинг.

2. За време на вежбањето секогаш користи тегови, бидејќи полесно ги „стега“ мускулите и ја одржува фигурата.

3. Многу внимателно избира што ќе внесе во своето тело и се труди што поретко да јаде нездрава храна.

Велат дека Златан и до ден-денес ѝ „јаде од рака“, а таа важи за отмена и елегантна дама, која сака луксузен живот, но само додека напорно работи за да ужива во него.


Извор: stil.kurir