Сите задници се „наши“ и природни: Македонки кои и со дефинирана позадина оставаат печат
Мажите ги привлекуваат жени кои имаат испакнати напрчени задници бидејќи тоа покажува дека жените се „сексуално заинтересирани“, покажуваат новите истражувања.
Заоблената позадина, како што е онаа на Ким Кардашијан, Џенифер Лопез, Бејонсе, е привлечна и за мажите и за жените. Поентата е дека, за да можат жените да го истакнат својот задник, тие треба да ја придвижат карлицата наназад, а претходните истражувања покажаа дека женките во светот на животните го прават ова за да сигнализираат на мажјаците дека се подготвени да се парат.
Новите истражувања покажаа дека оваа позиција еволуираше во телото и се „префрли“ на луѓето, па така жените покажуваат дека се заинтересирани за маж сексуално.
„Ова може да објасни зошто жените носат високи потпетици и зошто мажите ги сметаат за попривлечни кога носат потпетици - затоа што задникот е испакнат“, објаснува главниот автор на студијата, Фарид Пањуи од Португалија.
Доколку ве интересира како се спроведе ова истражување…
Научниците создадоа шест компјутерски генерирани 3Д-модели на женското тело. Задниот дел од телото беше прикажан во различни, но „нормални“ агли, а на овие модели се прикажани 82 мажи и жени од предниот, задниот дел и од страните.
Учесниците во студијата ја оценија привлечноста на моделот на секоја позиција, а технологијата што го следи погледот на учесниците во студијата, сними во што најмногу гледаа на фотографиите.
Резултатите покажале дека колку е поголем лакот на грбот, толку повеќе е испакнат задникот, тој е попривлечен и за двата пола.
Велат дека во Македонија живеат убави жени. Универзалната физичка убавина најчесто таргетира одредени телесни атрибути како на пример градите, задникот, нозете... но целокупната слика не секогаш е предодредена од физикусот! Тука игра голема улога и ставот, односот, говорот на тело, шармот, сексипилот...
Како и да е, убавината (во секаква форма) треба да се негува.
Нашите познати дами, покрај она што го работат, познати се и по физичкиот изглед. Препознатливи се каде и да се појават, а задникот им е еден од главните атрибути- природен. И тоа не треба денес да е табу тема- сите имаме задници, кој помал кој поголем и само наш е изборот дали сакаме да го истакнеме- се разбира, во умерена доза.
Ана Стојанова
Фитнес инструкторката Ана Стојанова е олицетворение на жена која ги има сите потребни атрибути на своето тело. Автентична, згодна, впечатлива, со одлично формиран задник.
Марјана Станојковска
Кога ја избраа на светскит избор за мис бикини за најубава не само што не погрешија, туку ѝ ги отворија сите врати. Денес водителката Марјана плени со стилот и убавината, а дефинираниот задник се должи на генетика и вежби.
Аделина Тахири
Пејачата е позната по ултра скапиот стил на облекување но и по својот извајан задник. каде и да се појави остава впечаток.
Емилија Розман
Последната македонска мисица која не преставуваше на изборот на Мис на Светот ја задржа својата форма и нема проблем да го истакне задникот.
Р.Ж.М
Фото: Инстаграм