Сите зборуваат за модниот избор на Гавазова: Пејачката на уникатен начин ја честиташе Новата година (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Новата година пристигна, а со неа и новите желби, убави мисли и зборови, кои ги упатуваме на нашите сакани личности. Во ова време, кога социјалните мрежи се главен начин за комуникација, новогодишни честитки останаа минато, па многумина празниците си ги честитаат виртуелно.

Со цел да стигнат до поголем број обожаватели истото го прават и познатите личности. Многумина од нив уште вчера ги споделија своите честитки и ја сублимираа годината која изминува, додека некои тоа го направија денес.

Во втората група влегува и пејачката Сузана Гавазова, која својата честитка на обожавателите им ја кажа преку видео, кое го објави на својот Инстаграм профил.

View this post on Instagram

A post shared by Suzana (@suzanagavazova)

Но, она што на сите им го привлече вниманието беше нејзиниот црн светкав фустан, со впечатлив отвор во пределот на деколтето, кој го имаше искомбирано со црни ракавици, сандали и уникатна пунџа.

фото: Принтскрин / Инстаграм