Скаменета сум од страв: Актерката Шенон Доерти сподели видео од болница, ѝ вадат тумор од мозокот
ФОТО: Принтскрин видео Инстаграм официјален профил Шенон Доерти
Актерката Шенон Доерти сподели видео од болницата пред операцијата за отстранување на тумор од мозокот. Таа се бори со рак на дојка кој се шири со години.
Актерката Шенон Доерти на Инстаграм сподели видео направено во болница, на кое се гледаат подготовките за операција на главата. Доерти со години се бори со ракот на дојката, кој се проширил во мозокот, а со своите следбеници сподели дел од храбрата битка - подготовката за операцијата за отстранување на туморот на мозокот.
„16-ти јануари оваа година. Имав тумор во главата што сакаа да го отстранат и да направат биопсија. Очигледно се трудам да бидам храбра, но скаменета сум од страв. Целосно ме обзеде. Исплашена од можни лоши исходи, загрижена дека ќе ја напуштам мајка ми и како тоа ќе влијае на неа. Се грижам дали ќе излезам од операционата сала и повеќе нема да бидам јас. Еве како може да изгледа ракот“, напиша Шенон покрај видеото од болницата кое може да го погледнете тука.
И камен би заплакал: Шенон Доерти откри како изгледа ракот кој ѝ се проширил на мозокот (ФОТО)