СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ БУГАРИЈА: Деца биле сменети при раѓање

Добивај вести на Viber

Бугарија ја тресе скандал со деца кои биле сменети при раѓање. Замената се случила пред неколку месеци, но сега се открива што се случило. 

ДНК тестовите докажуваат дека во болницата Шејново биле разменети бебиња. Случајот утрово ги шокираше сите и предизвика масовни инспекции. Министерството за здравство ги проверува сите болници во АГ. Независно од резултатот од ДНК, Севда Михаилова нема да се откаже од своето бебе за кое се грижеше три месеци. Таа за тимот на bTV News изјави дека сè уште е во шок и не може да зборува. Вели дека немала контакт со другата жена и дека ја видела во болница. Повеќе на Фактор.мк


Фото: printscreen