Животна училница // Семеен Албум
Скопјани најмногу се разведуваат: КВАРТАЛНО „ПУКААТ“ ОД 300 ДО 500 БРАКОВИ
Скоро секој квартал во Македонија има од 300 до 500 разводи.
Во третото тромесечје годинава имало 397 разводи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најмногу разводи има во главниот град. Од вкупниот број, 117 разводи се во Скопје, Битола 21, Велес 11, Гевгелија 10, Гостивар 20, 19 во Кавадарци, 25 во Куманово, 10 во Охрид, 23 во Прилеп, 18 во Струга, 39 во Тетово, 14 во Штип, 8 во Струмица. Во помалите градови и рурални општини бројот на разводи е многу помал, или воопшто немало разводи. Психолог Христина Стефановска вели дека од година во година има зголемен број на разводи, и помалку бракови, а причините кои доведуваат до прекинување на брачната заедница се повеќе.
Повеќе на Фактор.мк