На телевизија се убавици, а еве како навистина изгледаат најпознатите српски пејачки без шминка (ФОТО)
Пејачките без шминка изгледаат сосема обично
Јавните личности најчесто имаме можност да ги гледаме на телевизија, во нивните најубави верзии, па доколку ги сретнеме на улица, без шминка и фризура, би биле воодушевени од нивниот „обичен изглед“.
Сепак, од појавата на социјалните мрежи, многу ѕвезди често објавуваат фотографии од нивното секојдневие, па имаме можност да видиме дека пејачките без шминка изгледаат како обични жени.
Пејачките без шминка изгледаат како секоја друга жена
Цеца Ражнатовиќ можеме да ја видиме многу често без шминка, на улица, на аеродром... А, колку не крие како изгледа нејзиното лице без шминка, говори и тоа што Душан Лазиќ токму неа ја шминкаше на неговиот јавен час во Арена, каде што беа присутни неколку илјади луѓе, а на видео бимот беше прикажано во крупен кадар лицето на Цеца без шминка.
Кога изгледот на Јелена Карлеуша е во прашање, и се припишуваат бројни хируршки интервенции, а вистината е дека таа само ги зголемила усните на лицето, што не го негира. Оние кои ја виделе без шминка тврдат дека изгледа многу убаво и природно. Дури и писателката Весна Радусиновиќ еднаш јавно кажа дека Јелена е многу убава жена во реалниот живот, а кожата и е кадифена.
Лепа Брена трае веќе четири децении и нормално е дека нејзиниот изглед се менува со текот на годините, меѓутоа, очигледно е дека нејзината убавина не исчезнува. Неспорно е дека имала интервенции на лицето како ботокс и инјекции со хијалурон, но евидентно е и дека не претерала.
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenhsoot/ Женски магазин - В. Тануровски