SKOPJE DESIGN WEEK 2019 СО ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ
Мултидисциплинарната платформа Skopje Design Week есенва ќе го претстави своето деветто издание преку најновите достигнувања на производните компании, дизајнерите и дизајн студијата од Балканските земји. По тој повод, Skopje Design Week почнувајќи од денес па сè до 15. октомвриотвораповик до сите производни или увозно ориентирани компании, дизајнери, дизајн студија и неформални групи кои сакаат да ги претстават своите нови производи и услуги пред пошироката македонска и регионална сцена.
На деветтото издание учество веќе имаат потврдено најуспешните производители од регионот кои успеаа во изминатата декада да се искачат до самиот врв во однос на промоција на нивниот бренд и продажба на производите. Со своите последни колекции и наградени прототипи на мебел и предмети за домаќинство ќе ги видиме во живо, Prostoria, Artisan, Gazzda, Zanat, GIR, Grupa, Feydom, Zavar Design и други.
Програмата и оваа година е стратешки поставена со цел да се доживее дизајнот со висока естетика и функционалност во полето на продукт дизајн, мода, дизајн на накит, музика, гастрономија и бизнисите воопшто.
Формулар за пријавување на сите заинтересирани е на следниов линк: http://publicroom.org/MK/opencalls/Open_call_SDW2019.html