Скопје домаќин на интернационалниот фестивал за класична гитара „Тремоло“

Добивај вести на Viber

Детскиот културен центар - Карпош и Град Скопје од утре (3 мај) до 6 мај 2018 година, го организираат интернационалниот фестивал за класична гитара „Тремоло“.

Овој интернационален фестивал, кој по деветти пат се одржува во Скопје, е натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории,како и мастер часови.

Оваа година членови на жирито се светски познатите гитаристи: Никола Монтела од Италија, Зоран Аниќ од Хрватска, Џевдет Сахатчија од Косово, Николај Михајлов од Бугарија, а претставници во комисијата од Македонија се: Дарко Багески, Борче Наумовски и Љубомир Наќески.

На задоволство на скопската публика ќе се одржат  три  концерти  во Музејот на Македонската борба-Скопје на 3 мај од 20 часот, МКЦ - Клуб &Ресторан на 4 мај од 21 часот и во „Културно информативниот центар“-КИЦ во Салон 19,19 на 5 мај од 20 часот.

На 6 мај ќе се одржи концерт  на победниците по категории на натпреварот во Концертната сала на ДКЦ „Карпош“ во 18,30 часот, каде што воедно ќе се доделуваат наградите и признанијата на учесниците.

ПРОГРАМА

  3 мај 2018  (четврток)

  Отворање на Фестивалот со Никола Монтела - Италија

   Музеј на Македонската борба-Скопје  од 20 часот

4 мај 2018  (петок)

Џез Трио „Кабадаја“ - Македонија

МКЦ-  Клуб &Ресторант од 21 часот

5 мај  2018 (сабота)

  ДУО „Мучкалица“ - Србија

Зоран Аниќ и Ненад Љубеновиќ

Салон 19,19- КИЦ од 20 часот

  6 мај 2018 (недела)

Концерт на победници по категории  - класична гитара

„ДКЦ-Карпош“  од 18,30 часот

Влезот  за сите концерти е бесплатен.

Со успешната реализација на фестивалот „Тремоло“, ДКЦ Карпош дава поттик и поддршка за развивање и унапредување на овој вид уметност во Република Македонија.