Скопје стравува: Ученик упатил закани по живот кон професори

Полицијата вчера покрај врсничкото насилство преку „Тик-ток“ и вперувањето на пластичен пиштол од 13-годишник кон соученици, интервенирала и при закани од 16-годишник кон професори. Тој објавил фотографија на социјална мрежа, која содржла закани.

„Полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје привеле 16-годишен малолетник- ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа на содржина со закани по живот кон професори. Известен е јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста“, велат од МВР.

Сите овие настани доаѓаат по масакрот во белградско училиште каде беа убиени девет лица, од кои осум се ученици, а еден е чувар. Има и тешко ранети, како и полесно повредени.

Фто: МВР