Скопје сведочеше на гејминг спектакал каков што не видел досега!
Повеќе од 3000 посетители, 48
натпреварувачи, 6 експо изложувачи и многу други партнери и компании беа дел од
Good
Game настанот за кој уште долго ќе се
зборува во Скопје.
Гејмингот е жив во нашата земја, а македонските гејмери се луѓе кои навистина знаат да препознаат можност за добра забава, тим билдинг и нетворкинг! Тоа е заклучокот од Good Game Б2Б натпреварувањето кое минатата недела се одржа во просториите на INNO Feit, донесено од компанијата Good Game Global од Хрватска, а во локална организација на агенцијата MPG Скопје и голема поддршка од покровителите Samsung, Snickers, Green Cola, Opel, Cineplex, Frank и др.
“Good Game беше сладок предизвик за сите нас во MPG Скопје. Навистина уживавме додека работевме на овој проект за кој требаше да се обезбеди сериозна организациска и логистичка поддршка за натпреварувачкиот и експо дел, за секој натпреварувач и посетител на настанот да биде максимално задоволен од искуството што го доби“ – вели Билјана Мечкаровска од локалните ко-организатори MPG Скопје.
Кога станува збор за натпреварувачкиот дел, како компанија која во своите редови ги има најдобрите играчи во играта „Counter Strike: Global Offensive” се покажа KTN, која во финалето издвојува победа над софтверската Solutionade. Третото место го освои Idea Plus која беше поуспешна од тимот на Македонски телеком.
На настанот се одржа и финалето на македонската CS:GO лига која е во организација на еСпорт Федерацијата на Македонија.
Дел од атмосферата од првиот Good Game во Скопје погледнете во продолжение: