Скромноста како главна одлика на поглаварот на Католичката црква: Папата Франциско носи Swatch

Добивај вести на Viber

Титулата папа во минатото постојано се поврзувало со удобност и луксузно живеење. Но,  папата Франциско од неговото застанување на чело на Ватикан  успеа да ги разбие ваквите стереотипи. Па така споредено со неговиот претходник Бенедикт кој поради уживањето во луксузот го доби прекарот “Папата Прада”, кој за својот имиџ дури имаше ангажирано и приватно лице кое произведуваше парфеми по негов вкус, папата Франциско е целосна спротивност и скромноста е неговата главна одлика.

Тоа што најмногу зборува за скромниот имиџ на Франциско е часовникот кој што го носи на неговата рака и истиот не припаѓа на некој од луксузните брендови туку е наједноставен часовник Swatch. Повеќе информации за цената и за моделот побаравме од „Божиновски часовници и накит“ кои се застапници на овој бренд на часовници.

„Станува збор за часовник Swatch  Once Again (GB743), модел чија вредност е 3100 денари и е еден од најпопуларните модели од овој бренд. Интересно е да се напомене дека дури и во категоријата на Swatch часовници, ценовната рамка на овој модел е меѓу поефтините бидејки во понудата на овој бренд има и часовници од 12.000 денари па и нагоре“, ни објаснија од „Божиновски часовници и накит“.

Од компанијата уште истакнаа дека “Светиот часовник“ како што на шега го нарекуваат, ќе биде изложен во нивните салони за време на посетата на Папата Франциско на нашата земја.

Колку за споредба Папата Јован Павле втори на својата рака носеше часовник посебна серија Rolex  Daytona 6241, вреден неколку десетици илјади евра.

Извор: https://timeandtidewatches.com/list-bottom-dollar-billionaires-power-players-who-wear-cheap-watches/