Слатка тајна: Треба ли да се открие името на бебето пред раѓањето?

Моментално на „Youtube“ постојат околу 670.000 видеа во кои идните родители го откриваат полот на нероденото бебе. И додека мајките и татковците едвај чекаат да го дознаат полот на своето бебе, се чини дека истото не е така и кога е во прашање името на бебето. Има различни причини зошто идните родители го чуваат името во тајност, а често тоа е крадењето на смисленото име за бебето!

Мајката на двегодишно момче, Лаурел Елис, објасни дека го избрала името на својот син пред да се роди: 

Кога дознавме дека е машко со сопругот се одлучивме за името. За нас одлуката на името ја направи бременоста уште пореална, тогаш почувствував дека станувам мајка. Кој и да ме прашаше му кажував за името и не знам зошто околу тоа се крева некоја толку голема фама?

Секако некои луѓе не се сигурни со изборот на името и сакаат да се роди детето па да се одлучат како ќе се вика, но за мене беше прекрасно да го изговарам името на синот пред да се роди. Освен тоа името помогна семејството да се поврзе со бебето. Сите блиски му даруваа подароци со неговото име или иницијали, кои изгледаа фантастично. Некогаш со текот на годините, кога ќе се присетувам на ова, ќе го видам неговото име на тие спомени, ќе ми значи повеќе отколку да го читам само генеричкото „бебе“.

Кога бев бремена, предавав англиски јазик и на многу луѓе им го кажав името на мојот син. Со тоа видов како тие реагираат на името, какви прекари би имал во детството...

Една причина поради која луѓето не сакаат да го кажат името, е поради тоа да се одбранат од мислењето на другите луѓе. Јас знаев дека има мои пријатели на кои не им се допадна името што го избравме, но јас не останав бремена поради нив, па исто така не го ни сменив името поради нив.

Името на мојот син мене ми е многу посебно и не престана да ми биде посебно откако го открив на другите. Баш напротив, тоа ја направи мојата бременост попосебна и многу полесна.


Извор: miss7mama.24sata.hr