Славеничко издание: Првата дама на Америка во бел фустан со детали кои ефектно и ја обликуваат половината

Добивај вести на Viber

Првата дама на Америка заблеска на прославата за Денот на независноста!

Меланија Трамп на прославата за Денот на независноста на Америка со својот сопруг, Доналд Трамп беа во улогата на домаќини пред Белата куќа, каде што ги пречекуваа гостити во летно издание.

Првата дама за оваа свеченост одбра едноставен долг бел фустан, со беспрекорен крој.

Целиот изглед го надополни со широк впечатлив ремен во бордо боја. Ефектниот ремен за кој се одлучи Меланија одлично ја обликува нејзината половина.

Совршеното издание го заокружи со бели балетанки.

фото: Profimedia