„Славете го Господа зашто е добар, алилуја“: Јована Богдановска има невозможен ангелски глас (Слушнете)

Добивај вести на Viber

Јована Богдановска е талентирана 17 годишна девојка од тетвска Брвеница која кога ќе отвори глас ве полазуваат морници.

Таа е позната по учеството на Македонското талент шоу „Нови и млади“, каде учествуваше во финалето и е една од најдобрите учеснички досега.

Не помина долго време, а Златко Миладиновски и направи две преработки на стари македонски песни: „Дафина платно белеше“ и „Подигниси бре невесте дулачето“ со кои младата пејачка ја изненади публиката со прекрасната изведба.

Овој пат Јована направи вокална обработка на песната  „Славете го Господа“ на псалм 136 . Продуцент е Темелко Андреев, со кого заедно Јована изведе и преработи повеќе македонски народни песни.

Слушајте и уживајте.