СЛАВИМЕ 7-МИ РОДЕНДЕН НА НАШИОТ И ВАШ ЖЕНСКИ МАГАЗИН
Овој ден го почнавме со славенички тон.
Женски магазин го слави својот 7 роденден и сакаме да ви се заблагодариме што нѐ сакате и следите од година во година.
Благодарение на вашата лојалност, драги читатели, редовно сме на врвот на најчитаните магазини.
Овие години работа поминаа навистина брзо. Почнавме скромно, со јасна визија навремено да ги информираме читателите со вести и брзо успеавме да се наметнеме како едно од најомилените четива на женската популација во земјава. Станавме лидери во пренесувањето животни приказни.
Естрадни уметнички, филмски диви, водителки, инфлуенсерки, бзиснисменки, банкарки, политичарки, лекарки..., сите тие најдоа свое место во редовите на Женски магазин, но и сите тие се верни читателки на овој наш портал. Утринското кафе, паузата од дневните работни обврски, но и попладневниот и вечерниот одмор, не можат да се замислат без текстовите на Женски магазин.
Среќни сме што во денешните тешки времиња имаме деловни партнери кои го препознаа нашиот магазин како начин да допрат до своите клиенти. Сето ова е доказ дека сме на вистинскиот пат. Ви благодариме за тоа!
Ќе продолжиме да се трудиме да бидеме вашиот глас, да ви ги донесеме сите најважни и најнови информации и да ве забавуваме кога е потребно.
За крај, уште еднаш ви благодариме што нѐ читате, кликате, следите, коментирате, пофалувате, критикувате! Ви благодариме што сте со нас!
Нека се множат!