Следете ме со советите за здрава храна: Сопругата на Јокисмовиќ го смени животниот стил

Добивај вести на Viber

Водителката Јована Јанковиќ, сопругата на музичарот Жељко Јокисмовиќ, одлучи да започне со здрава исхрана и да ги исфрли сите штетни намирници од нејзиното мени.

На својот Инстаграм профил, таа ги поттикна нејзините следбеници да го сторат истото. „Мојата цел за оваа година беше да воведам повеќе здрави оброци и намирници, повеќе физичка активност и да се одречам од некои лоши рутини. Затоа, месецот кој е пред нас му го посветувам на здравите навики кои ќе ги споделувам со вас. Во текот на декемвеи, следете ги моите Инстаграм приказни“, објави Јована.

Таа и Жељко се родители на три деца. Синот Коста има три ипол години, а близначките Ана и Срна кои во октомври наполнија една година. Јокисмовиќ со проектот „Два света“ ќе одржи два концерта во Скопје, на 23 декември во Македонската опера и балет.