Следниот да го славиме заедно: Марјан Коцев со емотивна честитка за роденденот на сопругата (ФОТО)
Сопругата на пејачот без чија песна не може да се замисли ниту една семејна прослава, вчера наполни 41 година.
На овој посебен ден, посебна честитка ѝ пристигна од сопругот Марјан Коцев, кој напиша преку социјалните мрежи упати емотивна порака и фотографија од најсаканите:
„Невесто моја среќен 41 роденден! Следниот да го славиме заедно. Те сакам“
Популарниот фолк пејач кој е омилен во дијаспората е во брак со сопругата Билјана скоро 12 години, со која заедно имаат син и ќеркичка.
Се запознале на една свадба каде што пеел пејачот и по една година стапиле во брак.
-Јас бев беќар до 34 година. Откако ја запознав Билјана веќе животот тргна во друг правец. Јас бев подготвен уште веднаш на тоа и знаев што ме чека. Биљана уште на почетокот ја разбра мојата професија, мојата работа, моето отсуство и до сега сме немале проблем околу мојата професија, околу моите отсуства.
Ниеден брак не е совршен , па ни нашиот. Има падови, има и успеси. Има се. Но, и за секој проблем има решение. Седнуваме и разговараме за проблемот, за ситницата, за арно или за лошо. Со разговор сѐ се решава, изјави пејачот во една прилика за домашните медиуми“.
ФОТО: Инстаграм/Фејсбук/Марјан Коцев