Слоба и Јелена тајно го крстија синот во манастир на Косово: Се огласија по интимниот чин и ја шокираа јавноста! (ФОТО)
Фото: printscreen/slobaradanovic
Семејни фотографии кои ги топат срцето
Пејачот Слоба Радановиќ пред нешто повеќе од еден месец стана татко, кога со неговата сопруга Јелена Радановиќ го добија синот Дамјан.
Семејството Радановиќ емотивно го пречека новиот член на семејството, а јавноста често ја разнежуваат со сцени од нивниот дом. Сега, четириесет дена по неговото раѓање, тие организираа интимна крштевка во манастирот Свети Врачи, Козми и Дамјан во Зочиште, на Косово и Метохија.
На крштевката на синот на пејачот присуствуваа само најблиските членови од семејството и кумовите, како и менаџерот на Слоба.
Јелена Радановиќ не ја криеше среќата, а позираше со сопругот и синовите среде манастир, а оваа фотографија предизвика општо воодушевување кај нејзините следбеници и лавина коментари.
После тоа, Слоба се огласи на својот Инстаграм и гордо ја сподели со своите следбеници информацијата за крштевањето на неговиот наследник.
-Денеска ја имавме честа нашиот Дамјан да го крстат и воведат во верата нашите омилени луѓе, отец Стефан и отец Антоние, во најубавото место на светот. Добредојде сине! Слава на Бога - напиша Слоба на фотографија од крштевката.
Сите детали од крштевката можете да ги погледнете во галеријата подолу.
Фото: printscreen/slobaradanovic