Слободно заборавете на нив: Модни парчиња кои се најдоа на „црната листа“ оваа пролет (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Извадете ги веднаш од плакарот.

Модата се менува со молскавична брзина, така што некои парчиња кои беа до вчера ИН, веќе денес не се на списокот на посакувани парчиња.
За да избегнеме грешки, истражувавме и пронајдовме парчиња што ќе бидат апсолутно АУТ оваа сезона.

Модните експерти велат дека овие парчиња треба веднаш да се отстранат од плакарот:

1. Мини очила

фото:Shutterstock

Во 2020 година тие беа во фокусот, а не им одолеаја ниту познати личности како Ријана и Аријана Гранде. Сепак, оваа сезона тие не се на списокот на водечки трендови. Слободно заборавете на нив, велат модните експерти. Оваа пролет носиме малку поголеми модели.

2. Бомбер јакна

Во текот на последните неколку години, бомбер јакните од различни форми и големини беа најбараното парче облека. Мора да признаеме дека изгледаа одлично во комбинација со фармерки и хеланки, но време е да се збогуваме со нив. Оваа пролет ќе бидат заменети со поелегантни јакни и блејзери со нагласени рамена.

3. Чанти околу струкот 

Чантите што се носат околу половината и беа актуелни во текот на 90-тите, конечно одат во заборав. Оваа година, сè ќе биде во знак на женствените комбинации, така што нема место за овие чанти.

4. ПВЦ обувки

Транспарентните чевли изгледаат одлично само на фотографии, па оваа година тие се наоѓаат на „црната листа“ и веќе ниту една жена со стил не ги носи.

5. Облека со истакнато име на бренд

Познатите брендови гордо ги ставаа своите логоа на облека и модни додатоци. Сепак, во 2021 година, овој вид брендирање стана анти-тренд. Едноставните бели маици во моментов се попопуларни од оние со имиња на познати брендови.

фотографии:instagram
извор:stil.kurir.rs