СЛУШАЈ МЕ ДОДЕКА ТИ ЗБОРУВАМ: КАКО РОДИТЕЛИТЕ ДА СЕ СТАВАТ НА ИСТ КАНАЛ СО ДЕЦАТА?

Се прашувате ли често дали детето ќе ве разбере и ќе ве полуша ? Сте му повториле на детето нешто и по три пати, но тоа едноставно не реагира на вашите зборови? Кои зборови да ги избереме, а да бидеме сигурни дека ќе имаат ефект кај детето?

Постојат три канали за прием и обработка на информациите кои ги добиваме. Визуелен канал, канал во кој доминираат чувствата и звучен канал. На оние луѓе кои нештата ги примаат преку визуелниот, им е важно како изгледаат нештата. Чувствителниот канал е за оние кои на пример, пред да купат нешто прво гледаат дали им е удобно, а третиот, звучниот е за оние на кои им е важно на каков начин и со каков тон им е соопштена некоја вест. Исто е и со децата.

Корисно е прво да препознаете кој е вашиот канал, а потоа и каналаот на детето па потоа начинот на комуникација да го прилагодите на него.

На пример, ако често кога некого викате нешто да му покажете наместо да му објасните со зборови, велите: „Види, погледни, покажи“, ако со рацете му ги покажувате формите, можете да претпоставите дека вашиот канал е визуелен.

Ако бавно и тешко донесувате одлуки, ако попрво купувате работи затоа што во нив ви е удобно а не затоа што се модерни, веројатно вашиот канал е во чувствата.

И ако вашиот глас, додека зборувате има цел спектар на мелодии, ако ги нагласувате зборовите со повишување и со спуштање на гласот, ако имате добро чувство за ритам, ако велите: „Слушај ме, речи ми, кажи“, вашиот канал е најверојатно звучниот. 

И кај децата, на истиот начин ќе воочите на кои информации и на кој начин реагираат.  Полесно ќе ве разбере детето кое го користи истиот канал како и вие. 

Сигурно ви се случило повеќе пати да го повикате детето на ручек, а тоа ниту да ви одговори ниту да се појави на маса. Во овие ситуации, лесно е да помислите дека тоа намерно ве игнорира, па дури и дека е безобразно. На среќа, ништо од ова не е точно, туку едноставно, не разговараме на начин на кој каналот на детето ја регистрира информацијата. 

Проблемот е во тоа што ние родителите, зборуваме главно на ниво на навика, па секогаш исто, во исти ситуации изговараме исти реченици, затоа што секогаш зборуваме низ нашиот доминантен канал. 

Затоа, треба да го смениме начинот. Следниот пат, кога ќе го викнете детето на ручек, сменете ја формата: „Погледни, ручекот е на маса“, или покажете со рака: „Види, сѐ е подготвено“. Или пак: „Те чека омиленото јадење. Дојди додека е топло“. 

Ако забалежите дека постојано зборувате: „Слушај ме додека ти зборувам ! Дали слушаш?“, детето не секогаш ќе реагира, сѐ додека не му се обратите со неговиот јазик и сѐ додека не се „приклучите“ на неговиот канал. 

Автор: Драгана Алексиќ, тренер за личен развој