Слушнете ја „Параноја“- Продуцент од Шведска му направи нов летен хит на Тајзи

Добивај вести на Viber

Македонскиот пејач Тајзи, периодов направи нешто на кое би му подзавиделе и светските ѕвезди- во само две недели промовираше три нови песни: „Мој живот, моја ствар“, дуетот со Викторија Лоба, „Каде сме ние“, а денеска ја промовира и најновата тема „Параноја“ која излезе на каналот на „Балкатон“ продукција од Србија.

Се работи за песна на македонски јазик и е вистински весел летен хит, кој го продуцираше Александар Иван Миличевиќ, млад и талентиран продуцент кој е роден и работи во Шведска. Во иднина Тајзи најавува уште соработки со продуценти од Шведска, бидејќи моментално тие се едни од најактуелните на светската музичка сцена.

Мастерот е на Роберт Билбилов, со кој Драган Величковски Тајзи веќе најави повеќе проекти, како и песна на англиски. Видеото е во режија на Тајзи и Илија Жоговски, а спотот е снимен на Кокино, Мермерно езеро, како и уште неколку локации низ Македонија.

Погледнете го новиот видео запис на Тајзи, кој поставува нови граници за тоа како еден артист треба да работи ако сака успех и кариера:


Од продукцијата „Балкатон“ најавуваат многу настапи низ земјата и регионот и велат дека соработката со Драган Величковски Тајзи е само почеток на нешто поголемо кое следува во иднина.