Смарагд 1969: Нова колекција на дијамантски накит претопена во симбиоза на минато, сегашност и иднина

Добивај вести на Viber

Денес се лидери во светот на дијамантите, а на македонскиот пазар постојат повеќе од 50 години. Сеќавањата за започнатата приказна секогаш се споделени со огромна почит кон секој мајстор, ученик или вработен во работилницата на Смарагд, како и кон секој што е дел или придонел во оваа професија.
Имено, првата златара на Смарагд е отворена во 1969 година во Старата скопска чаршија поради една интересна мотивација поврзана со уметноста.

 
Рилинд Хоџа:
Фамилијарната приказна е започната токму на оваа локација, но не само затоа што се наоѓа во најубавиот и најатрактивен дел на Скопје, туку затоа што овој простор, а тоа е Академијата за уметности, е љубов на мојот покоен чичко. Го потсетувала на неговата страст за цртање, секогаш ја раскажувал и ја потенцирал неговата воодушевеност кон сликите на Густав Климт, на кои доминира бојата на златото, па токму ова е последица од влијанието на неговиот татко, кој бил познат златар и уметнички преработувач на злато, но и од самиот Климт.

Денес македонскиот бренд Смарагд 1969 се простира на три локации во Скопје и изобилува со луксузен и префинет накит, каде што секоја генерација може да го пронајде својот вкус, без оглед на тоа дали сте љубител на некој одреден скапоцен камен, како што се: смарагди, дијаманти (брилијанти), сафири итн. 


Рилинд Хоџа:
Смарагд 1969 со гордост е наследник на традицијата започната пред 53 години. Успеа да прерасне во ценет и посакуван партнер во светската мрежа дизајнери и производители на ексклузивен накит со долгогодишни партнерства на сите континенти. Приказната започна во мала златарска работилница во 6 м2, исполнета со многу труд, посветеност, љубов и визија, а го носеше името „Smaragd“. Денес постигнатите успеси го донесоа брендот до сертифицирани производи со заштитен квалитет.

Токму овие достигнувања денес се претопија во една нова дијамантска кампања, која произлезе од работилницата на „Smaragd 1969“, наречена „Elmaz“. 



Рилинд Хоџа:
Кога зборуваме за накитот што се нарекува „Elmaz“, како и за неговото значење, создадовме приказна што претставува симбиоза на минатото, сегашноста и иднината.
Накитот е изработен од осумкаратно злато за да го задржи автентичниот изглед. Ласерската и рачна изработка на златото е збогатена со дијаманти (брилијанти) со различна големина. Секој брилијант е посебно изработен во „round cut“ и рачно додаден во основа од патинирано сребро што служи за максимална безбедност на брилијантот. 



Станува збор за накит што може да биде стил на секоја генерација, накит што кај секоја возраст ги истакнува грациозноста и женственоста.
За секое парче накит, брендот нуди гаранција за каратажа на златото, како и сертификат од берзата на дијаманти во Антверп, Белгија. Станува збор за сертификат што е меѓународен и во него се внесени сите спецификации во однос на каратажата на златото, грамажата, каратажата на брилијантот, бојата и чистината.

Продавниците на Смарагд 1969 денес може да ги посетите во ГТЦ на први кат, Ист Гејт Мол на приземје и во Старата скопска чаршија.
Во продолжение, препуштете се на приказната на фотографиите за колекцијата „Elmaz“:


ПР објава