Смешно, но вистинито видео: Германија објави „како го победивме коронавирусот“

„Зимата во 2020 година го победивме вирусот на овој начин“

Германската реклама за коронавирусот, го запали светот и донекаде го опушти мрачното секојдневие и ја поттикна надежта за подобри денови. Имено, приказната започнува во иднина. Антон опишува како светот се борел со ковид-19 во морничавата зима во 2020 година. Приказната добива феноменален пресврт што ќе ве насмее и која е најголемата вистина што никој не ја кажува.

За видео со српски превод кликнете овде.

„Зимата во 2020 година, цела земја гледаше во нас. Тогаш имав 22 години, студирав, кога „удри“ втриот бран. Имав само 22 години, во тие години сакаш да шеташ, да се дружиш, да се журкаш, да се забавуваш, да запознаеш нови пријатели и се‘ што оди со тоа. Невидлива опасност, не демнеше, одеднаш судбината на земјата беше во наши раце. Собравме храброст и го направивме, она што од нас беше побарано. Ја направивме вистинската и правилна работа... ништо, не правевме ништо! Цел ден бевме дома и преку ден и во текот на ноќта, и се боревме против ширењето на вирусот. Каучот ни беше фронтот, а нашето трпение оружје. Знаете понекогаш се смеам сам на себе, кога ќе се сетам на тоа време. Тоа беше нашата судбина. Така станавме херои, тогаш ви текот на пандемијата од коронавирус, зимата во 2020 година.“


Видео: Твитер

Можеби ќе ве интересира:

Ја сретнала короната пред 40 години: Вирусологот Нада Куљиќ Капулица повторно изненадена