Синоптичарите за денес најавија променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег.
Првиот снег во Македонија веќе почна да паѓа. Вевчани е местото каде во месец април вее снег.
Во текот на денот се предвидува и наместа врнежите да бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
Во главниот град променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.