Снежана Георгиевска: Сѐ уште никој не ја надмина со стилот
По само неколку денови откако политичарот Љубчо Георгиевски на времето стана Премиер на Македнија, неговата сопруга Снежана веднаш беше забележана со уникатниот стил на облекување.
Авангарден, екстравагантен, автентичен, нешто слично што сега го правеше поранешната Првата дама на Америка, Меланија Трамп.
Во тоа време, таа беше пред времето. Со раскошни тоалети, костими, блејзери, елегантни шапки... Врвната естетика што ја демонстрираше и денес не е надмината од нашите политичарки и Први дами. За неа може да се каже се‘, ама дека нема стил- тоа е бесмислено. Ја облекуваа наши дизајнери, се грижеа за неа стилисти...
Снежана имаше осет за мода, за стил, за однесување. Како да беше создадена да биде во центарот на модното внимание.
Не сме имале таква личност од тој свет.
Сега е целосно повлечена од јавноста, но тоа не значи дека не го задржала фантастичниот стил на облекување и фризурата.Да, научила како да создаде приказна од себе
што ќе трае, без разлика на времето.