Снежана Савиќ си ја отвори душата после толку години: Се срамам што се соблеков гола поради улогите

Актерката Снежана Савиќ после толку години призна дека се срами што во младоста се соблекла гола поради нејзините улоги.

- Навистина ми беше срам кога морав да се соблечам поради улогите. Никогаш не сум се чувствувала добро, но тоа е моја работа и кога човек ќе реши да глуми мора да сфати дека неговото тело е алатка за работа - изјави за „Информер“ Снежана Савиќ, која е најпозната по популарната серија „Бољи живот. “.

 - Тоа е добра серија која е секогаш актуелна бидејќи зборува за луѓето и нивните животи. Бјела беше одличен во улогата на Слободан Бобо Попадиќ, но се срамам сега како постара да зборувам за нашиот бакнеж од серијата- додаде таа.

Инаку, ќерката на Снежана, Анита во една прилика изјави дека претходно не била среќна што нејзината мајка имала „послободни“ сцени на малите екрани.

- Многу ме вознемири што мајка ми се соблече пред камера, па затоа често не можев да одам на училиште - рече тогаш ќерката на Снежана Савиќ, но и призна дека брзо ѝ поминало.


Извор: www.telegraf.rs