Со A1 Net Protect блокирани преку 380 илјади безбедносни закани во 2022
Опасностите на интернет се можни не само на нашите лаптопи и PC компјутери, туку и на мобилните телефони, каде всушност корисниците го поминуваат и најголемиот дел од времето поминато на интернет.
Поради истово, важно е да останеме соодветно заштитени и затоа А1 Македонија го нуди сервисот: A1 Net Protect кој обезбедува уникатна заштита од интернет закани за да ги задржи корисниците безбедни додека користат секакви уреди. Било да е тоа дома или во движење.
A1 Net Protect ги заштити своите корисници со блокирање на дури 387,089 безбедносни закани во текот на 2022 година, обезбедувајќи им непречено и опуштено сурфање преку мобилната мрежа на А1.
Net Protect е услуга која го штити мобилниот уред од најразлични сајбер закани, небезбедни сајтови, вируси, веб-страници за кражба на лични податоци, малвер софтвери и нуди безбедност на мрежно ниво, што го отежнува пристапот на напаѓачите до податоците на мобилниот уред. Со ова, додека корисникот е поврзан на мобилната мрежа на А1, услугата автоматски ги детектира и блокира небезбедните веб-страници и апликации при што испраќа известување за детектирана интернет закана.
A1 Net Protect функционира директно преку мобилната мрежа на А1 Македонија и останати роаминг партнери и нема потреба за инсталација на никаква дополнителна апликација или софтвер. Доколку корисникот инсталира или сака да пристапи до веб страна која е опасна и може да содржи вируси или друг тип на малвер, A1 Net Protect го блокира пристапот и го известува корисникот дека апликацијата/веб страната може да му наштети.
Оваа услуга е дел од заложбата на А1 Македонија на своите корисници да им го обезбеди најдоброто корисничко искуство на најбрзата мрежа.
Со A1 Net Protect вашиот мобилен телефон е заштитен од:
- Phishing - Обид да се преземат лични податоци за лице преку лажна е-мејл адреса или веб-страница, односно обид за кражба на идентитет.
- Malware - Малициозен софтвер кој навлегува во мобилниот уред и предизвикува штета.
- Botnets – Злоупотреба на мобилниот уред за испраќање спам, вируси или лични податоци без да забележите.
- Spamsites – Веб-страници кои прикажуваат лажни реклами кои ветуваат, на пример, дополнителни бенефити, попусти, награди или поволни цени.
- Compromised – Хакирани веб-страници кои се користат за дистрибуција на малициозен софтвер.
- Cryptomining - Генерација на дигитални валути (на пример, биткоини). Напаѓачите се обидуваат да „копаат“ дигитални валути со помош на корисничкиот уред и без знаење на корисникот. Уредот станува побавен и троши повеќе електрична енергија.
А1 Net Protect во првиот месец на активација е достапен за 0 денари, а потоа чини 29 денари месечно.
Услугата A1 Net Protect може да биде активирана преку СМС со текст START PROTECT на 140 007, преку апликацијата Мојот А1, со јавување во Контакт центар на 077 1234 или во најблискиот продажен салон на А1.
ПР објава