Со денови детално го подготвуваше својот погреб: Злобната болест беше сурова кон неа, а вака се избори за живот
Познатата актерка, Шенон Доерти како лавица се бореше да го победи ракот кој безброј пати ѝ се враќаше.
Шенон Доерти на публиката и е најпозната по улогата во американската серија Беверли Хилс, една од најпопуларните серии во таа деценија! Иако пред и потоа глумеше во други серии и филмови, таа се здоби со популарност како слатката тинејџерка Бренда Волш.
Позната е и по нејзината насмевка која никогаш не ѝ го напушта лицето, но зад неа се крие болна приказна која би расплакала и камен. Имено, од 2015 година актерката се бори со злокобна болест, односно со ракот на дојката.
Напорите на лекарите да ја излечат без мастектомија или агресивни третмани биле неуспешни бидејќи ракот се проширил на лимфните јазли. Поради ова, актерката беше подложена на бројни третмани и терапии, вклучувајќи мастектомија, хемотерапија, зрачење и операција. Во 2018 година беше објавено дека е излечена. Ракот се повлече по агресивни третмани и нејзините наоди беа „чисти“.
Таа беше во мир некое време, но ракот повторно се врати во 2020 година. Информациите дека Шенон има рак во стадиум 4, најпрво се чувале во тајност. Сепак, актерката подоцна отворено проговори за тоа.
„Повторно имам рак, стадиум 4. Метастазираше во моето тело и знам што значи тоа. Многу пати се прашував: „Зошто јас?“, а потоа си велам: „Зошто не јас?“. Тешко ми е“, изјави тогаш актерката.
Шенон во еден момент ја изгубила волјата за живот и почнала детално да го подготвува својот погреб. Имено, таа тогаш откри дека почнала да пишува проштални писма и да снима видеа кои ќе им ги остави на најблиските, како и дека нашла песна со која сака да ја испратат.
Станува збор за познатата песна „Tears in Heaven“, која важи за една од најголемите балади во историјата на рокенролот, а таа одлучила во што сака да биде закопана.
„Знам во што сакам да одам на другиот свет. Подготвив фустан што го добив од една од моите најдобри пријателки пред неколку години. Се чувствувам посебно во него. Сакам да бидам убава. Сакам да останам во најубаво сеќавање. Последниве месеци се обидував да поправам некои врски, да им се извинам на луѓето што ги повредив - свесно или несвесно. Се трудам да го живеам животот максимално и да уживам во ова малку време што ми преостанува“, изјави актерката.
И покрај се‘, Шенон го отфрли негативниот однос кон целата ситуација и реши да се бори како лавица која се однесува како ништо да не се случува. Минатата година таа се појави во емисијата „Добро утро Америка“, каде изненади многумина со својот оптимистички став.
„Не сакам да се однесувам како да умирам. Сакам да работам и да се однесувам како ништо да не се случува бидејќи ќе се борам да останам жива", изјави тогаш Шенон.
„Многу луѓе на кои им е дијагностицирана четвртата фаза на болеста едноставно се отпишуваат. Тие претпоставуваат дека веќе не можат ништо, дека не можат да го дадат својот максимум, а тоа не е точно. Посакувам да можев да ги сменам тие мисли и дај ми шанса да докажам дека не е во ред“, објасни таа.
Актерката се фотографирала без коса, по хемотерапија, додека изгледала многу исцрпено.И покрај тешкотиите и исцрпната борба, Шенон не се откажа и со својот пример испрати силна порака до другите луѓе кои ја водат најтешката битка во животот - Никогаш не треба да се откажувате, колку и да е тешко! Затоа што на крајот од тунелот секогаш има нешто свето!
Шенон го докажа тоа, а денес можеме да ја видиме насмеана и здрава. Судејќи по фотографиите кои папараците успеваат да ги снимат, Шенонја вратила ведрината и сјајот во животот - Браво жено!
Фото: Инстаграм - Theshando/ Профимедиа
Извор: стилкурир
Се бори со ракот 7 години, во третиот брак си најде сродна душа: Љубовниот живот на Шенон Доерти