СО ХРАНА ПРОТИВ БРЧКИ: Еве што треба да јадете

Добивај вести на Viber

Еден од најголемите стравови на многу жени се брчките. Во обидите да се борат со времето, жените користат најразлични козметички продукти и се подложуваат на најразлични козметички процедури. 

Но, „моќно оружје“ може да биде и храната. 

Еве која храна ќе ви помогне да изгледате помладо:

Риба и омега-3 масни киселини. Лососот, скушата и другите мрсни риби се богати со омега-3 масни киселини кои прават чуда за вашата кожа. Истражувањата покажале дека редовната консумација на омега-3 масни киселини го намалува ризикот од стареење на кожата со 25%. Уште и оревите, маслото од канола и лененото семе се одличен извор на омега-3 масни киселини.

Маслиново масло. Маслиновото масло е богат извор на олеинска киселина. Таа е една од масните киселини кои ја прават кожата еластична. Маслиновото масло содржи и други есенцијални масни киселини коишто се борат против воспаленијата во телото, а витаминот Е и полифенолите кои се наоѓаат во него ја заштитуваат кожата од штетното дејство на слободните радикали.

Многу јаткасти плодови содржат омега-3 масни киселини. Најчесто овие масни киселини се наоѓаат во рибата, но јаткастите плодови се најдобар нивен растителен извор. Освен тоа, јаткастите плодови содржат и витамин Е, а докажано го намалуваат и нивото на „лош“ холестерол.