Актуелно // Жолта минута
Со Карлеуша беа на нож, а сега заедно пијат кафе: Колешката изнесе пикантерии од приватноста на пејачката
Сајси истакна дека Јелена секогаш знае што сака
Поп дивата Јелена Карлеуша неодамна објави два албума „Алфа“ и „Омега“, а на еден од нив се најде и песната „Такита“.
Откако раперот Сајси МЦ соработуваше со Јелена на споменатата песна, таа сега откри како дошло до соработката.
- Се познаваме приватно, а потоа спонтано се случи соработката. Јас бев еден од текстописците. Сите песни освен песната „Блок“ ги компонираше Јелена. Кога пишувате таков текст, секогаш се вклучени повеќе луѓе. Карлеуша дефинитивно знае што сака, што многу ја олеснува работата. Не треба многу да размислувате за тоа, што е одлично - искрено изјави Сајси за порталот „СрбијаДанас“.
Таа истакна дека дивата е одлична за работа.
Извор: www.espreso.co.rs