Со овие диети заедно ослабеа 120 кг: Плановите на исхрана на Бојана Стаменов, Тијана Дапчевиќ и Наташа Беквалац
Познатите личности секогаш се под будното око на јавноста, а кога ќе накачат некој килограм вишок добиваат критики иако и тие се обични луѓе како и сите ние.
Токму затоа познатите жени често пробуваат различни начини да се ослободат од вишокот килограми. Некои држат диети, други многу вежбаат, трети одат „под нож“.
Едно од најголемите изненадувања за српската јавност беше пејачката Бојана Стаменов, која успеа да ослаби импресивни 70 килограми.
Еве каква диета практикувала.
Бојана Стаменов успеа да ослабе огромен број килограми. Со упорност, одрекување и диета, таа успеа да стане сосема поинаква личност.
- Нередовните оброци и видот на храната што ја јадев беа најголемите проблеми. Размислував кој ќе ја подготвува сета таа здрава храна и слично, но испадна дека кога сакаш се можеш – изјави пејачката во една емисија.
Сериозна здравствена компликација целосно ѝ го промени животот. Бојана ослабе неверојатни 30 килограми во првите четири месеци.
- Планот на исхрана беше сличен на нутриционистички режим. Имав три оброци на ден, јадев овошје. Никогаш не бев гладна. Па, за појадок јадев три пржени јајца, домат, краставица, салата и овошје - откри таа еднаш.
- За ручек јадам 250 грама печено пилешко и салата, како и овошје. За вечера можам да јадам овесна каша со кисело млеко или интегрално рижото со печурки или некоја салата или риба – ја открила пејачката тајната на своето мени.
Тијана Дапчевиќ со години имаше проблем со килограмите. Таа многу флуктуираше, ослабе, па се здебели и така натаму.
Со посебен режим на исхрана ослабела дури 45 килограми. Сега денот го започнува со овесна каша со чиа и црвено овошје, за ручек најчесто јаде мисирка со зеленчук.
- Имав криза на почетокот, но дадов се од себе да издржам. Сите треба да јадеме без шеќер, брашно и млеко. Така ќе дојдеме до посакуваната тежина, меѓутоа, како и другите жени, често се опуштам и се дебелеам – изјавила Тијана.
Наташа Беквалац редовно спортува, но за да го одржи совршениот изглед се придржува до посебен режим на исхрана.
Ева како успева да одржи идеална линија.
Дозволено е: сите видови месо (освен масно свинско, но може да се користи чисто свинско), млечни производи со што помалку јаглени хидрати (не претерувајте со храна како фета сирење, јогурт, урда), зеленчук (се зелено: зелка, зелена салата, краставица, карфиол, брокула, кромид, домат, тиквички, спанаќ), јајца од секаков вид, јаткасти плодови (грст дневно), водата е многу важна во текот на денот (2,5 l на ден).
Не консумира: никакво пециво, овошје само во недела, компири, соја, грав, боранија, тестенини, грашок, ориз, грицки, слатки, сокови.
Дозволените работи јадете ги во првите шест дена, а седмиот ден јадете тестенини, компири и ориз за појадок и ручек, сè освен слатки. Доколку сакате десерт, посегнете по една лажица мед или интегрален бисквит. По седмиот ден започнете одново со диета без јаглени хидрати.
За еден месец можете да изгубите најмалку 10 килограми, во некои случаи и повеќе. Оваа диета на најдобар начин ги напаѓа мастите, притоа зачувувајќи ја мускулната маса.
извор:GLOSSY