Со сексапил и елеганција, Каролина Гочева ги освои симпатиите на публиката во Тирана

Добивај вести на Viber

Поп- пејачката Каролина Гочева со нејзиниот бенд имаа настап во Албанија во Националната опера и балет во Тирана.

„Тирана, на еден ден“, напиша Каролина.

Каролина како и секогаш одлично изгледаше. Облечена во долг црн фустан со потпис на Јована Зука и Јована Филиповиќ.

Пофални зборови не штедеа ниту нејзините следбеници на социјалните мрежи: „Здивоодземачка“, „Нај прекрасна од секогаш, светско, а наше“, „Секогаш прекрасна“, „Македонско девојче убаво“,„Совршена“, „Прекрасна“, се дел од коментарите.

Македонската дива изминатиот период одржа два последователни концерти во Скопје, а потоа имаше мини концерти и во Струмица и Гевгелија.

Фото: Инстаграм