Со сопругот сме од деца заедно, знаеме кога на кого му треба време и простор за себе: Интервју со Верица Пандиловска

Добивај вести на Viber

На прво споменување на Верица Пандиловска-Гичева многумина ќе помислат на нејзиниот најголем хит “Кучкин син’. На многуте фестивалски настапи, на клубските свирки на кои славеа и со кои пораснаа многу генерации. Верче секогаш настапуваше соло, а со моќниот глас и со изборот на песни беше впечетлива и запаметена како претставува еден цел бенд-тим. Почетниот повод за нашиот муабет е нејзината прва книга „Невербална комуникација“, која беше промовирана неодамна и носи силна порака, а поводи за разговор има многу. Сите собрани средства од продажбата на книгата, ќе бидат усмерени кон проектот наменет за жртви на семејно насилство. Мал дел од својот динамичен живот, Верче сподели за „Женски магазин“.


*Автор си на твојата прва книга: „Невербална комуникација“ , колку време ја создаваше, инспирација и порака?

-На почеток сакам да кажам дека пишувањето и издавањето на оваа публикација не беше случајно. Зад него стои мојот мината труд, багаж, кој претставува 4 годишна работа на оваа проблематика. Би напоменала дека во текот на овие изминати години имав можност заедно со својот ментор кој ме воведе во оваа наука пред се да се едуцирам на тема невербална комуникација во земјава и странстvо а потоа и заедно да работиме на обуки и тоа со Високо образовни установи ( Универзитети во земјава и странство), Министерства, Општини и Општински Организации, Национални установи ( Универзитетски Библиотеки и Центри за Култура), Образовни Установи ( основни училишта, средни училишта, градинки), Ученички домови, Студентски Домови, Центри за странски Јазик,  Институции, Компании и Приватни фирми, Клиники и уште многу други кои транспарентно можете да ги видите во портфолиото на нашата веб страница.  www.euinstitue.eu

Секако тука е и животното искуство на работа со луѓе кои беа тимови кои ги раководев во различни интернаионални компании и се разбира на крајот искуство од комуникациски вештини кои беа неопходни за добро менаџирање на концерти и клубски настапи.

Денес, живееме во време на пост-пандемиски период каде комуникациските способности се расколебани. Тоа е разбирливо, поради глобалната пандемија и Ковид-19 криза која полека не одминува.

Инспирација за книгата ми беше всушност мојата визија која е подобрување на невербалната и вербалната комуникација на генерало недоволно квалитетните комуникациски релации на нас, луѓето. Имав потреба она што го доживеав во работни организациски тимови и истражувања кои ги правев додека се едуцирав за оваа проблематика говор на тело, да ги споделам со јавноста со една основна цел, овие знаења да им помогнат во животот и работата за да бидат подобри утре од она што се денес.

Мојата порака до сите оние кои ќе ја прочитаат книгата е следнава:

“Стапете во акција, бидејќи само така ќе бидете мотивирани. Мотивирани за за подобра иднина, лични успеси и победи. Научете што манифестирате преку мимики, гестикулации и дневербални вижења и работете на себе. Направете нешто добро за себе бидејќи само така ќе го направите вистинскиот чекор за семејството, работното опкружување и на крај за општеството. Подобрете ја вербата во себе и излезете од сите оптеретувања , форми и стеги кои ве спречуваат да бидете успешни во животот“.


*Како дојде со идејата сите собрани средства да бидат усмерени кон проектот наменет за жртви на семејно насилство, раскажи ни повеќе за убава хумана намена.

-Како граѓанска организација “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“ пред некоку месеци почнавме да истражуваме и да размислуваме како можеме на територија на Општина Аеродром да помогнеме и да го идентификуваме проблемот, семејно насилство.

Поттик ни беше глобалната пандемја која психолошки си го направи своето. Преку медиумите, сведоци бевме на агресија, насилство, бес, омраза како појави кои произлегоа од самата пандемија. Со оглед на тоа дека со години работиме на мотивација, инспирација, самодоверба, личен раст и развој, решивме да се посветиме на оваа категорија на граѓани кои живеат на територија на општината. За ова пооширно би можеле да зборуваме во некоја следна прилика.

Книгата беше само еден начин да се обидеме на јавноста да и го скренеме вниманието дека е потребно да мислиме и на оние кои спаѓаат во оваа рналива категорија на граѓани.


*Важиш за еден од најсилните наши женски вокали, а долго време те нема со нов музички проект, ти недостасува ли музиката, планираш ли повторно да ѝ се посветиш со интенизтет како порано?

-Музиката не ми недостасува бидејќи е секојдневен дел од мојот живот. Немам секојдневни клубски настапи, но тоа е разбирливо бидејќи поради ковид ситуацијата, никој и никаде не настапуваше. Добивам ака одвреме навреме мотив за целовечерен натасап. Псоледно такв нешто беше за време на карантин, за 2ри Мај а во живо за првпат со Бени кога настапив на настанот, промоцијата на публикацијата. Живеам од друга професија која не е музика, но е повторно поврзана со луѓе, јавност, настапи на некој начин. Многу слично како музика само што сега акцентот е говор а не пеење.

Во овој период не сум во можност да се посветам на комплетен авторски материјал за носач на звук. Можеби некој сингл и спот би дошол во предвид во некоја блиска иднина.

*Што најмногу ти недостасува од златното време на македонската естрада?

Од оваа дистанца гледано, највеќе ми недостасуваат секојдневните настапи и дружења. Патувања во сите градови низ Македонија каде со нетрпение гостувавме сите ние кои се бавиме со естрада.

*Активна си во ЕУ институтот, кажи ни нешто повеќе за твојата работа таму?

-Здружението за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје е граѓанска организација основана со основна цел за промовирање и развој на европските вредности преку организирање и реализација на истражувачки и едукативни проекти од областа на европските вредности, меѓуетничките односи, човекови права, пазарот на капитал, медиуми и комуникации и други соодветни активности, како семинари, конгреси, тренинзи обуки и сл.

Јас сум еден од основачите а воедно и претседател на здружението. Во овие четири години од нашето постоење посветено работевме на неформална едукација кај населението во РСМ преку развој на нови, отворени и комплементарни приоди кои ќе ни овозможат создавање на поефикасна мрежа на идни соработници кои работат за општото добро во државата.

Работиме на идентификација и репознавање на потребата на граѓаните. Целна категорија ни се млади луѓе но и возрасно население.


*Долги години си во брак со Звонко Гичев, како лично гледаш на долгите врски и бракови кои успеваат и се негуваат, како го негувате вашиот?

-Взаемно почитување, реципроцитет и љубов се вистинскиот рецепт за успешна семејна и партнерска врска. Ние сме од деца заедно така да се познаваме многу добро. Знаеме кога на кого му треба време и простор за себе. Тоа е многу важно за здрава релација помеѓу маж и жена.

*Колку ти останува време за женски ритуали, посета на козметички салон, кафе со пријателки, како ја негуваш внатрешната и надворешната убавина?

-Во периодов кој што претходеше, во текот на овие година и половина, направив сè што планирав или ми беше ставено на чекање. Дури и повеќе од тоа што предвидов. Имам време навистина за сè.

Редовните женски ритуали ми се дел од агендата, тоа никогаш не го изоставам како потреба и уживање. Кафе како изговор на дружба од неодамна пијам во живо а не онлајн со драги луѓе, што е супер.

Што се однесува до внатрешната убавина, голем дел од времето посветувам на лична надградба. Тоа е важно за секој еден од нас. Ценам дека внатрешната убавина на една личност, рефлектира со магичен надворешен сјај кај луѓето.


Велат какви ти се мислите, таква ти е душата и убавината.

Затоа, мислете добро за да ви се врати добро. Верувајте во себе, во работата која што ве исполнува. Уживајте во секој миг од животот бидејќи тој никогаш понатаму нема да ви се врати.

Милица Џаровска

Фото: Вангел Тануровски