„Соба за тага“ на Тоше: Текстот на песната не го напиша затвореник, туку Марина Туцаковиќ

Добивај вести на Viber

Мега хитот на Тоше Прески „ Соба за тага“ е дел од албумот „ Ако ме погледнеш во очи“ (Ако ме погледаш у очи) кој се појави во 2002 година. Музиката ја напиша грчкиот композитот Фивос, српската верзија на текстот е дело на Марина Туцаковиќ (Соба за тугу), а за аранжманот се погрижи Манолис Влахос. Македонската верзија на текстот е на Огнен Неделковски.

Изданието содржи 10 композицвии и беше најава за соработката помеѓу македонската музичка легенда и „ Фајнл кат продакшн“

Во 2005 година, Тоше Проески го издаде својот петти албум „По тебе“ ( Пратим те) на територијата на цела поранешна Југославија. Од Вардар до Триглав. Како некогаш, кога сите станувавме на „Хеј, Словени“, така во таа 2005 година, кога војните одамна го имаа наплатено својот данок, сите републики стануваа за да ги пеат неговите хитови. Неговите песни, полни со емоција, повторно за миг ги споија старите братски народи. Тоше беше единствениот изведувач што успеа да ја освои цела поранешна Југославија, иако никој не го познаваше во почетокот на деведесеттите години, пред да почне големото раздружување на големата држава.

На проектот се наоѓаат 11 композиции и три бонус траки. Една од нив е и „Нај, нај “ . Музиката и текстот се на Зоран Ѓорѓевиќ, а аранжманот на Анте Пецотиќ. Стиховите за македонската верзија ги напиша Владо Јаневски. Зоран Ѓорѓевиќ во еден период од животот го помина во затвор.Тогаш се родила идејата да ја создаде „Нај,нај„ 

„По тебе“ и неговата „југословенска“ верзија „Пратим те“ се едни од најуспешните албуми издадени на Балканот, а песните од него со недели беа на врвот на топ-листите во Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и во Босна и Херцеговина. Сонот на неговиот менаџерски тим полека стануваше јаве. Тоше, ден по ден, педа по педа, го освојуваше целиот Балкан. Сите го знаеја, сите го сакаа, сите ги пееја неговите рефрени. беше издаден на територијата на цела поранешна Југославија. Од Вардар до Триглав. Како некогаш, кога сите станувавме на „Хеј, Словени“, така во таа 2005 година, кога војните одамна го имаа наплатено својот данок, сите републики стануваа за да ги пеат неговите хитови. Неговите песни, полни со емоција, повторно за миг ги споија старите братски народи. Тоше беше единствениот изведувач што успеа да ја освои цела поранешна Југославија, иако никој не го познаваше во почетокот на деведесеттите години, пред да почне големото раздружување на големата држава.

Соња Алексоска Неделковска