Софија и Јаков Спасов слават 2 години брак: Љубовта ги спои, со неа градат заеднички свет

Добивај вести на Viber

Јаков Спасов и неговата сопруга Софија, слават годишнина од брак. Парот во 2022 година направи свадба, највпечатлива беше невестата облечена во уникатна црно-бела вечаница, односно куси панталони.

Во една прилика Јаков и Софија за Женски магазин раскажаа дека се запознале на Инстаграм, Јаков ѝ пишал прв и веднаш знаеле дека меѓу нив има нешто многу повеќе од пријателство, па веднаш договориле прв состанок.

Пред да стапат во брак Јаков и Софија биле една година во врска. На патувањето на Исланд еден месец по свадбата, Софија откри дека е бремена. Во март минатата година Јаков и Софија станаа родители, се роди Гаиа.

Фото: Инстаграм

Ме привлече неговата смисла за хумор, човечноста и огромното срце: Љубовната приказна на Софија и Јаков Спасов