Сонце и море, омилената комбо терапија на Стојне Николова: Еве со кого пејачката ја истражува Палма Де Мајорка

Добивај вести на Viber

Фолк-пејачката Стојне Николова овие денови ја истражува Шпанија. Пејачката неодамна во интервју за Женски магазин откри дека ова лето сака да ја посети Палма Де Мајорка, и очигледно тоа го оствари.

Стојне е во друштво на нејзината колешка Андријана Ацевска или Андријана Кеш.

Двете дами позираа во идентична поза со грбот свртени кон фотообјективот и гледаат во морето.

„Омилената комбо терапија. Сонце и море“, напиша Стојне.

Облечена во бела комбинација, лесна кошула со кусо здолниште и сламена чанта Стојне ужива во прошетките на островот.

Фото: Инстаграм

Повеќето мажи не знаат да се носат со славата и успехот на жената: Интервју со Стојне Николова