Сонот му се оствари, душата му се исполни: Јане во Манчестер пречекан од фудбалските ѕвезди на Јунајтед

Добивај вести на Viber

Девизата дека кога желбата е силна, ни небото не е граница може да се каже дека во случајот на малиот Јане Велковски е точна.

Момчето чија животна филозофија е “да не се предава” и дека сите треба “да ги следат своите соништа” го оствари посакуваниот сон. Лично големите фудбалски ѕвезди кои Јане ги носи во душа и се дел од неговиот омилен тим го пречекаа во Манчестер.

Фудбалерите на најтрофејниот англиски клуб Манчестер Јунајтед му посакаа добредојде на малиот Јане во хотелот „Лаури“. Со прегратки, широки насмевки и автограми Јане го дочекаа Немања Матиќ, Алексис Санчез и уште многу фудбалери на Жозе Мурињо.

Тие се дружеа со нашето момче и се сликаа а му подарија и дрес.


Македонскиот херој од Скопје чија приказна беше пренесена во фудбалската јавност од УЕФА, лично од Пол Погба доби покана да дојде и во живо на легендарниот „Олд Трафорд“ да го гледа натпреварот на Манчестер Јунајтед против Севиља.

Јане е полн со ентузијазам а фудбалот има големо позитивно влијание врз неговиот живот.

Преку фудбалот тој беше во можност да сфати дека може да има активна улога во општеството.”-раскажа Ѓорги , таткото на Јане во неодамнешата приказна .