Со сигурност ќе ве расплачат: Песни за Велигден на кои ниту еден печалбар не останува рамнодушен

За празниците, особено за Велигден сите сакаат да бидат покрај своите најблиски. Семејните средби се едни од најголемите одбележја на овој празник, ден кога целото семејство, од најстаро до најмладо е заедно и го празнува Христовото воскресение.

На овие денови, најтешко им е на оние кои се далеку од родното огниште и кои својата среќа ја побарале далеку од границите на држава. Некои се преку океанот, други пак во некоја европска држава, но сепак на крајот од денот сите се туѓинци. 

Иако денес не е проблем да се стигне до посакуваната дестинација за неколку часа, не сите печалбари можат да си дојдат во Македонија за празниците.

Носталгијата за родната земја, особено за Велигден ја отпеаја неколку македонски пејачи, а милионските прегледи зборуваат за тоа колку истите се слушани. Ова се песните кои сигурно ќе ве расплачат, без разлика на тоа дали имате некој кој живее далеку од вас или пак вие сте далеку од вашите најсакани:

Една од најемотивните песни е „За Велигден“, која ја отпеа Ѓоко Јовиќ, фронтменот на „Енерџи“ бенд. 

„Километри“ на Влатко Лозаноски - Лозано е исто така една од песните кои многумина ја слушаат пред и по Велигден.

Но, освен овие две песни, има уште неколку кои се особено слушани за време на Велигден. Иако тематиката им е љубовна, сепак се песни кои никој не оставаат рамнодушен.

Нема човек што барем еднаш во овие денови не си ја пушта „На Велигден сум се заљубил“, песната која ја отпеа Џина Папас Џокси.


Р.Ж.М