Отец Предраг Поповиќ ја откри тајната за среќна врска на паровите: Еве што треба да знаете

Добивај вести на Viber

Отец Предраг Поповиќ, е многу активен и популарен на социјалните мрежи каде на интересен начин зборува за различни аспекти од животот.

На сликовит начин држи лекции за верата, семејството и бракот. Неговото видео од форум каде што зборува за брак стана многу популарно на интернет и е прегледано преку три милиони пати!

Во тоа видео, отец Предраг сликовито објаснува зошто во бракот треба да имате еден јорган или ќебе, а не два. И како тоа им помага на мажот и жената подобро да се сложуваат и побрзо да се помират после расправија.

- Сега слушајте ме внимателно! Во бракот не е дозволено да има два јоргани, две ќебиња. Еден јорган или едно ќебе! Не може две! Кога кај мене на гости дојде една монахиња ми донесе јорган како подарок за мене и за Попадиката. Значи, по еден. Еден за мене, еден за попадиката. И велам на жената: Што ќе правиме сега со ова? Да им ги дадеме на децата!

Зошто еден јорган? Да научиме да делиме јорган. Е, сега, видете... Кога ќе се налутите, и ќе си свртите грб еден на друг, па се оддалечувате, а зима е... Па, е, зима е, провев е. Потоа треба да се приближите за да се загреете. Вие сте лути, а се приближуватесе поблиску и поблиску до партнерот.

А ако секој има свој јорган, зашто ми е другиот, само би го ставил јорганот помеѓу мене и неа. Не, не! Превенција. Сакате да се расправате, а потоа знаете дека ќе биде студено вечерва, па молчете, ако ништо друго, поради тоа - вели отец Предраг.


Фото: Youtube - screenshoot