Сообраќајната несреќа ѝ го променила животот: Како изгледа денес Бејби од филмот „Валкан танц“?

Актерката Џенифер Греј се прослави со улогата во култниот филм „Валкан танц“ од 1987 година...

Џенифер е родена на 26 март 1960 година. Нејзините родители се актерите Џоел Греј и Џо Вајдлер, а актерката го посетувала училиштетот Далтон - приватно училиште на Менхетен за глума и танц.

На 26 години ја играше љубоморната сестра во филмот „Ferris Bueller's Day Off“, играше во филмот „Red Dawn“, но дури улогата на симпатичната Бејби во „Валкан танц“ ѝ донесе голема популарност. Остварувањето на режисерот Емил Ардолин ја следи љубовната приказна на тинејџерката Френсис Бејби Хаусмен и нејзиниот инструктор по танц Џони Касла, кој го глумеше прекрасниот Патрик Свејзи.

Џенифер никогаш не успеа да го повтори овој успех, а ни Свејзи, но не поради недостатокот на талент, туку поради низата незгоди кои ја погодија.

Непосредно пред премиерата на филмот „Валкан танц“, заедно со тогашното момче Метју Бродерик, таа преживеела тешка сообраќајна несреќа - имале директен судир, двајцата преживеале, но мајката и ќерката кои биле во другиот автомобил немале толку среќа. Подоцна таа изјави дека поради грижа на совест одлучила одреден период да се повлече од јавноста.

На почетокот на 90 - тите, таа направила пластична операција за да го намали носот. Нејзиниот изглед по неколкуте оперативни зафати негативно влијаеше на нејзината работа, а многу нејзини пријатели и колеги во тоа време изјавија дека не можеле да ја препознаат.

Во една прилика Џенифер кажа: „Во операциона сала заминав популарна и излегов како анонимна. Тоа беше како да сте во програма за заштита на сведоци или да сте невидливи.“

Пред 11 години се натпреваруваше во емисијата „Танц со ѕвездите“ и со својот партнер го освои првото место. Имаше епизодни улоги во „Пријатели“, „Вовед во анатомија“. Од 2001 година е во брак со актерот и режисер Кларк Грег, со кој ја има ќерката Стела.

Денес актерката изгледа вака:


фото: Profimedia